Германците со слабо пиво ќе ги скротуваат англиските и српските хулигани

182

Властите во Германија се подготвуваат за проблеми со симпатизерите на Англија и Србија по натпреварот на двете селекции од Европското првенство. Натпреварот е од групата Ц и е в недела навечер од 22 часот.

Постојат сериозни стравувања од судири. Во врска со ова, за да се избегне можноста голем дел од навивачите да се опијанат, полицијата побарала на стадионот да се служи само пиво со малку алкохол од 1%, пренесува Sky News. Дополнително, предвидено е и гледачите да можат да консумираат пиво само во посебните области каде се продава, а не слободно на клупите.

Проценките се дека на натпреварот ќе пристигнат околу 40.000 англиски навивачи, додека оние од Србија нема да бидат повеќе од 8.000 Натпреварот веќе е класифициран како „висок ризик“, што бара дополнителни безбедносни мерки.

„Има хулигани меѓу двете групи – предупредува главниот инспектор Кристоф Бургарт. „Меѓу Србите има многу хулигани, а Англичаните кога пијат понекогаш стануваат прилично агресивни“.

Според „Гардијан“, околу 400-500 навивачи на српскиот тим пристигнуваат со единствена цел да се борат со Англичаните.

За време на финалето на ЕП се очекува секојдневно да дежураат 22.000 полицајци. Одделно, 16.000 службеници за спроведување на законот од други земји пристигнуваат во Германија за да помогнат.

ПретходноПознати се групите и распоредот за меморијалниот турнир „Марко Божиновски“
СледноНеверојатни цени на билетите за тренингот на Португалија