Грилиш снимен во Дубаи како едвај се движи

540

Џек Грилиш неодамна дозна дека со англиската репрезентација нема да учествува на Европското првенство во Германија. Англиските медиуми тогаш пишуваа дека фудбалерот на Манчестер Сити бил многу непријатно изненаден и дека одлуката на Герет Саутгејт силно го погодила.

Меѓутоа, денес The Sun објави видео, кое вели дека Грилиш продолжил со животот и тоа во свој стил. Тој отсекогаш бил познат како човек од голема фудбалска забава, а сега непознато лице во Дубаи го снимило во друштво на непознати жени.

На снимката, Гралиш може да се види како едвај се движи, неговиот пријател го држи под мишка за полесно оди, а чуварот постојано барал од присутните да не снимаат. Засега не е познато дали Пеп Гвардиола и Манчестер Сити ќе реагираат на ова видео.

ПретходноЛацио и официјално го претстави новиот тренер
СледноЃорческа 20 дена чека виза за Британија, може да го пропушти Вимблдон