Најискусниот ракометар во Тинекс Пролет, Дејан Пецаковски, донесе одлука на крајот од оваа натпреварувачка сезона да му каже збогум на активното играње ракомет.
Поранешниот македонски репрезентативец настапуваше за бројни македонски клубови, а од 2020 го носеше дресот на Тинекс Пролет, секогаш давајќи го максимумот за екипата.
Тинекс Пролет како клуб му врачи благодарница на Пецаковски за неговиот придонес во изминатите години, што му беше врачена од страна на претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски на последниот тимски собир со кој беше заокружена оваа натпреварувачка сезона.