Легендарниот Мирослав Клосе и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Нирнберг. Клуб кој некогаш важеше за еден од гигантите во германскиот фудбал а сега тавори веќе неколку години во второлигашкото друштво.
Инаку ова за Клосе ќе биде втор клуб во неговата тренерска кариера, претходно го водеше австрискиот Алтах.
„Ова е сјаен клуб. Има традиција, страст, армија навивачи – тоа го респектирам. Затоа и ја прифатив оваа понуда“ изјави Клосе.
Инаку пред две децении и повеќе, за Нирнберг настапуваше и нашиот Саша Ќириќ.