Лацио официјално објави дека поранешниот тренер на Верона, Марко Барони е нов тренер. Тој доаѓа на местото на Игор Тудор, кој мина само три месеци на чело на овој тим.
60-годишниот стручњак се здоби со популарност во последните години откако го донесе Лече во елитата во 2022 година, а минатото лето ја презеде Верона, која успеа да ја задржи во Серија А. Во својата тренерска кариера беше на чело на уште многу екипи, меѓу кои Сиена, Кремонезе, Пескара, Беневенто, Фросиноне и Реџина.
Лацио не го прецизираше времетраењето на договорот на Барони, напоменувајќи само дека договорот е „повеќегодишен“.