Ништо од трансфер во Англија, словенечкиот напаѓач останува во Лајпциг

162

Напаѓачот на Лајпциг, Словенецот Бенџамин Шешко, ќе потпише нов договор со Бундеслигашот и покрај интересот на голем број клубови од Премиер лигата, пишува „Би-би-си“.
Шешко (21) беше поврзуван со трансфер во Арсенал, Челси и Манчестер јунајтед летово по одличната сезона во Германија во која постигна 14 гола на 31 натпревар. Тој ќе биде дел од репрезентацијата на Словенија за Европското првенство.
Шешко ќе потпише нов, подобрен договор со Лајпциг што значи дека нема да оди во Премиер лигата. Инаку тој дојде во Лајпциг во 2022 година, а има договор до 2027 година и ослободителна клаузула од 55 милиони фунти.

ПретходноОд доставувач на кафе и „вечен“ асистент до селектор на ЕП
СледноРК Бутел потпиша со Теодор Тодески