Од доставувач на кафе и „вечен“ асистент до селектор на ЕП

1216

Словачка се квалификуваше на Европското фудбалско првенство кое летоска ќе се одржи во Германија. Словаците не играа на СП во Катар но ќе играат на ЕП.
Нивниот селектор, Италијанецот Франческо Калцона заврши одлична работа откако седна на клупата во ноември 2022 година. Тој ги однесе Словаците на евро шампионатот.
Пред да седне на клупата на Словачка работел како асистент во многу италијански клубови – Авелино, Верона, Перуџа, Гросето, Алесандрија, Соренто, Емполи, Наполи, Каљари.

За него е врзана една интересна приказна. На крајот на деведесеттите години тој работел како тренер и како доставувач на кафе. Во сезоната 1999/2000 имал понуда да го предводи тосканскиот клуб Тељолето, но го одбил затоа што проценил дека поисплатливо му било да работи како доставувач на кафе.
А Тељолето место него го назначил Маурицио Сари кој сега е добро познат во Италија. Сепак, подоцна, Калцона му станува асистент на Сари и продолжил да работи како асистент во неколку италијански клубови се до 2022 година кога на покана на Словачка тој ја прифаќа улогата да биде нивен селектор.

Поради успешните резултати, Наполи го покани во финишот на оваа сезона да работи како нивен тренер по заминувањето на Валтер Мацари. Тој ја доработи сезоната и се врати на селекторската улога.

 

ПретходноПолјаците без Левандовски на првиот меч на ЕП
СледноНишто од трансфер во Англија, словенечкиот напаѓач останува во Лајпциг