Полјаците без Левандовски на првиот меч на ЕП

127

Полска го отвара Европското првенство против Холандија, а на тој меч ќе има проблеми во нападот затоа што првата ѕвезда Роберт Левандовски е повреден и ќе мора да го пропушти тој натпревар. Докторите ќе направат се за тој да биде спремен да ги одигра другите два меча од групната фаза против Австрија и Франција. Проблемот е кинење на мускул на ногата, а дел од докторите се сомневаат дека тој може да биде подготвен за десеттина дена.
Поради повреда вон стројот е Арек Милик, а проблеми има и фудбалерот на Верона, Карел Свидерски.
Во овој момент здрав напаѓач е само Криштоф Пјонтек.

 

ПретходноГолем трансфер на шампионот – Стефан Јевтовски во дресот на Струга ТЛ
СледноОд доставувач на кафе и „вечен“ асистент до селектор на ЕП