Сити со порака до Пеп: Ако останеш ќе ти го купиме Белингам за 200 милиони евра!

2119

Не е тајна дека Пеп Гвардиола следниот јуни веројатно ќе го напушти Манчестер Сити. Откако освои се што можеше да се освои, откако на пребогатите газди од ОАЕ им донесе лани и трофеј во ЛШ, се чини дека Каталонецот е пред нови предизвици.

Сепак челниците на Сити се надеваат дека ќе успеат да го задржат еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот и дека ќе потпишат нов договор.

Се шпекулира дека тие му ветиле на Пеп дека ако остане на „Етихад“ ќе му го донесат и Џуд Белингам, мега – ѕвездата на Реал Мадрид и тоа за 200 милиони евра, ако треба и повеќе.

Од друга страна Пеп секако знае дека ова е тешко остварливо и дека Реал Мадрид, односно Флорентино Перез тешко дека ќе се откаже од услугите на својот најдобар играч, па макар тоа биле 200 милиони евра, па и повеќе.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА ВО МАЈ ИСПЛАТИ ФАНТАСТИЧНИ 55.438.018,00 ДЕНАРИ КАЈ ИГРАЧИТЕ
СледноКлосе нов тренер на некогаш славниот германски клуб!