Што се случува во Воска Спорт? Си замина и Фатјон Јусуфи!

3713

Навистина што се случува во Воска Спорт? Во клубот кој беше финалист во последното финале во Купот на Македонија и беше на чекор до излез во Европа, но сепак Тиквеш беше подобар.

Имено денеска на својот ФБ профил и Фатјон Јусуфи, офанзивниот играч објави дека си заминал од Воска и дека му посакува многу среќа во иднина.

Претхдно си заминаа Ален Јашароски и Костадин Захов кој веќе има договор со Беса.

Исто така нема никаква официјална информација за тоа дали тренерот Срѓан Захариевски ќе остане и потпише нов договор или пак тој и дефинитивно си заминал од Охрид.

Интересно е тоа што на клупскиот ФБ профил, последната објава е од 24 мај, два дена после финалето на Купот и толку. А познато е дека Воска на своите социјални мрежи претходно секојдневно ја информираше јавноста за активностите во прволигашот од Охрид.

ПретходноОсвојувач на Тур де Франс и олимписки шампион прогласи банкрот
СледноДали го сочува најдоброто за крај: Никој како Роналдо на ЕУРО