Ѓорческа 20 дена чека виза за Британија, може да го пропушти Вимблдон

90

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со рангот и резултатите оваа сезона е пред сериозен предизвик за настап на третиот Грен слем турнир годинава – Вимблдон. Но, се појавија административни пречки – Ѓорческа сè уште нема добиено британска виза. Таа апликацијата за виза ја пополни пред 20-тина дена, а имаше и разговор за добивање на потребната виза. Но, одговор нема.

Времето за почеток на турнирот се ближи (квалификациите стартуваат на 24.јуни), а и организаторот на турнирот најави дека ќе преземе чекори Ѓорческа и нејзиниот тренер Димитар Лабудовиќ да ја добијат потребната виза за влез во Велика Британија.

Ова за Ѓорческа треба да биде втор настап на Вимблдон. Првиот беше во 2017 година кога исто поради визата дојде на еден ден пред мечот, со што немаше време за прилагодување на тревнатата подлога.

ПретходноГрилиш снимен во Дубаи како едвај се движи
СледноИвановски по ЕП: Повторно останав „гладен“, овој пат за најдоброто што следува од мене!