Победникот на Тур де Франс од 2012 и освојувач на неколку златни медали на Олимпијадите, Бредли Вигинс прогласи банкрот. Британецот кој се пензионираше во 2016 година, наскоро ги става своите медали и трофеи на аукција за да собере пари за да ја подобри својата финансиска состојба.
Неговата компанија „Вигинс рајтс лимитед“, која влезе во процес на ликвидација во 2020 година и должи повеќе од 354.000 евра. Во ноември 2023 година долговите нараснаа на еден милион евра. Па така Вигинс и кредиторите постигнаа договор за расчистување на оваа ситуација, но велосипедистот не направил ниту една исплата.
Судот на округот Ланкастер оваа недела пресуди банкрот на сер Вигинс, објави Тајмс. Следниот чекор со кој се соочува е попис на неговиот имот за да ги подмири своите долгови. Во ова сценарио, неговите осум олимписки медали меѓу кои и златото на хронометарот Лондон 2012 година, ќе се најдат на продажба.