Португалија со победа ги заврши контролните натпревари пред стартот на Европското првенство во Германија. Кристијано Роналдо и неговите соиграчи славеа против Ирска со 3-0.
Португалците поведоа со голот на Феликс во 18-та минута, ова беше единствениот погодок во првото полувреме. По одморот, Роналдо двапати ја затресе мрежата на Ирска. На 2-0 зголеми во 50-та минута, додека десет минути подоцна зголеми на 3-0.
Португалија е во група со Чешка, Турција и Грузија.
🚨GOAL | RONALDO WITH A BRACE!!!
Portugal 3-0 Ireland pic.twitter.com/d46eRUojhE
— SimplyGoal (@SimplyGoal) June 11, 2024