Сега е и официјално. Прво со специјално видео, а потоа и со соопштение на своите социјални мрежи и на својот сајт, Валенсија потврди дека има нов голман, а тоа е Столе Димитриевски.
Од клубот истакнуваат дека договорот е до 2026. Исто така се пофалија дека успеале да ангажираат одличен голман, а тоа е познато дека Македонецот е еден од најдобрите во Ла Лига.
Инаку официјалната промоција за медиумите допрва ќе следува.