Во четвртиот натпревар од финалната серија на турската Суперлига, кошаркарите на Фенербахче на домашен терен го совладаа Анадолу Ефес со 80:72 по продолжение со што дојдоа до својата 11-та титула државен шампион!
Во исклучително интересен меч, видовме голема драма во завршницата и продолженија кои им припаднаа на домашните кошаркари. Фенер можеше и во минатиот меч да стане шампион, но Анадолу успеа да намали на 2:1, но сега гостите не успеаја да се изборат за „мајсторка“.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Најџел Хејс-Дејвис и Тарик Биберовиќ со 16 поени, односно 19 поени. Елајџа Брајант го предводеше поразениот тим со 18 поени.