Вардар остана без Јапонецот, Јасухира се сели во Кувајт!

145

Вардар остана без еден од своите најдобри ракометари, Јапонецот Косуке Јасухира. Како што известува „handball arabic“ тој ја прифатил понудата на Бурган од Кувајт и во новата сезона ќе игра за тој тим.

Иако раководството на Вардар се обиде да го убеди Јапонецот да остане во Скопје и натаму да го носи “црвено – црниот“ дрес, сепак не успеа во тоа. Јапонецот се сели во Кувајт.

ПретходноЧешмеџиев потпишува за Гостивар!
СледноСтоле Димитриевски: Многу сум среќен што дојдов во Валенсија!