Германците ќе нудат вегански колбаси на стадионите за време на ЕП 2024

148

За првпат на едно европско првенство, навивачите ќе можат да вкусат и вегански колбаси.

Организаторите на Европското првенство воведоа низа мерки за намалување на влијанието врз животната средина, па оттука и вметнувањето на веганцки менија на стадионите. Ваков производ веќе се продава во арените на некои клубови од германскиот шампионат.

„Тие се многу подобри. Не се индустриски произведени. Сè е многу слично. За некој што не е навикнат, нема многу разлика во вкусот. Текстурата и вкусот се веројатно исти, но основата е сосема поинаква, и тоа е најважното: дури и овде во Минхен, во храмот на белата колбасица, нашиот бренд работи многу добро“, вели еден од сопствениците на вегански штандови на стадионите.

На стадионите, пијалоците ќе се служат во чаши за повеќекратна употреба, а неискористената вода ќе се употребува како техничка.

ПретходноШкотите не ѝ се плашат на Германија: Се случиле и почудни работи од тоа да ја победиш Германија!
СледноДончиќ го заврши мечот порано, Бостон на победа до титулата (ВИДЕО)