Даглас Луис го засилува Јувентус – договор на четири години

168

Се поблиску е размената на фудбалери на релација Јувентус-Астон Вила. Во Торино ќе дојде бразилскиот интернационалец Даглас Луис, а во спротивен правец ќе одат двајца фудбалери – Мекени и Илинг-џуниор.
Јувентус ја заврши работата со Даглас Луис, останува уште двајцата фудбалери да се договорат со клубот од Бирмингем и сето тоа да стане официјално. Бразилецот се согласил да потпише на четири години.

Вестон Мекени и Самуел Илинг-џуниор се проценуваат на 45 милиони евра (заедно), додека Астон Вила го продава Даглас Луис за 65 милиони. Тоа значи дека Јувентус ќе платат околу 20 милиони за овој фудбалер.
Мекени претходно играше во Премиер лигата и тоа за Лидс Јунајтед во 2023 година, додека Илинг-џуниор е младинец на Челзи и младински англиски репрезентативец.

Истовремено, Јувентус го продаде Кајо Жорж на Крузеиро за 7,2 милиони евра. Овој фудбалер дојде летото 2021 година но не се наметна на првиот тим.

ПретходноПочина човекот чија силуета се наоѓа на логото на НБА лигата
СледноОФИЦИЈАЛНО: Јувентус го претстави Мота како нов тренер на тимот