Дејвис повторно одби да потпише нов договор со Баерн (М)

183

Алфонсо Дејвис повторно одби да го продолжи договорот со Баерн. Претходно се дозна дека клубот од Минхен на дефанзивецот му понудил подобрен договор со плата од 13 милиони евра годишно и уште околу 4 милиони евра бонуси.

Според извори од клубот, Дејвис ја одбил последната понуда на Баерн. Клубот се сомнева дали вреди да се продолжат преговорите со Канаѓанецот за нов договор. Баерн може да започне преговори за трансфер на Дејвис во Реал Мадрид, он ашто Канаѓанецот веројатно и го посакува ова лето.

Ако преговорите почнат, Баерн ќе бара 50 милиони евра за дефанзивецот, додека Реал Мадрид најави дека не сака да плати повеќе од 30 милиони. Актуелниот договор на Дејвис со Баерн истекува во летото 2025 година.

ПретходноУЕФА со ново правило на Евро 2024: Ако не сте капитен, немате право да разговарате со судијата!
СледноШкотите не ѝ се плашат на Германија: Се случиле и почудни работи од тоа да ја победиш Германија!