Фудбалската репрезентација на Азербејџан во иднина ќе ја предводи португалскиот стручњак Фернандо Сантош. Се работи за искусен и успешен тренер, кој славата ја достигна кога како селектор на Португалија ја освои европската титула во 2016 година нои Лигата на нации во 2018/19. Тој беше селектор на Португалците од 2014 до 2022 година, а беше и селектор на Грција (2010-2014) и на Полска во 2023 година.
Последно работеше во Бешикташ каде што оваа година доби отказ поради незадоволувачки резултати.