По настапите во зонските квалификации за ЕП, женската одбојкарска кадетска репрезентација на Македонија ќе игра на Балканското првенство до 18 години, кое ќе се одржи во Тирана. На турнирот во Тирана ќе учествуваат осум репрезентации, а македонскиот национален состав ќе игра во групата „А“ со домаќинот Албанија, Романија и Бугарија. Во втората група се Турција, Србија, Црна Гора и Молдавија.
Првите две селекции од двете групи ќе обебзедат полуфинале, а останатите селекции ќе играат за пласман од 5. до 8. место.
Селекторот Александар Митев повика 18 одбојкарки родени 2007 и помлади, а тренинзите веќе трет ден се одививаат во Струмица. В понеделник репрезентативките ќе патуваат за Тирана.
На списокот на Митев се девојките коишто играа во јануарските евроквалификации во Софија и на априлските во Врњачка Бања што значи дека за оваа генерација сегашната акција е трета годинава.
СОСТАВ:
Мартина Азманова (Наковски волеј), Викторија Трајкова (Наковски волеј), Ивана Милева (Наковски волеј), Матеа Сотировска (Газели волеј), Зофија Георгиевска (Газели волеј), Јована Каленикова (Газели волеј), Ева Ристовска (Бами Кор), Матеа Петровска (Бами Кор), Ирена Узунова (Бами Кор), Билјана Јаковлевска (Пелистер волеј), Лиле Лозановска (Пелистер волеј), Анастасија Ристевска (Пелистер волеј), Ана Ѓорѓиевска (Вардар ЕМ), Елена Трајковска (Вардар ЕМ), Симона Наковска (Јанта волеј), Ива Илиева (Јанта волеј), Стефанија Кипријановска (Младост УГД), Андротеа Милевска (Работнички Скопје).
Балканско првенство 2024:
1.коло (вторник, 18.06.2024)
15.30 Бугарија – Романија
20.30 Албанија – МАКЕДОНИЈА
2.коло (среда, 19.06.2024)
15.30 МАКЕДОНИЈА – Романија
20.30 Албанија – Бугарија
3.коло (четврток, 20.06.2024)
15.30 МАКЕДОНИЈА – Бугарија
20.30 Романија – Албанија