Конечно – ја забележаа првата победа во квалификации после 21 година

613

Додека европските фудбалски репрезентации се подготвуваат за настап на ЕП во Германија, во Африка се играат квалификациски натпревари за СП 2026. Репрезентацијата на Маурициус го совлада Есватини со 2:1 со што ја запишаа првата победа во квалификациски циклус по повеќе од 20 години.
Навивачите до пред овој меч имаа заборавено кога последен пат славеле триумф. Тоа се случило во 2003 година кога ја совладале Уганда со 3:1 но поради поразот на првиот меч од 3:0 се се пласираа во следната фаза.
По четири меча, Маурициус е петти на табелата со четири бодови. Есватини нема бодови.

ПретходноПоранешен селектор на БиХ на клупата на РК Тиквеш
СледноОФИЦИЈАЛНО: Надал и Алкараз ќе играат во двојки на Олимписките игри