Напаѓачот на Струга ТЛ, Сенад Јаровиќ пред трансфер во Приштина?!

177

Сенад Јаровиќ, напаѓачот на Струга ТЛ е пред трансфер во Косово. За неговите услуги заинтересирана е екипата на Приштина, а исто така свој интерес пројавува и екипата на Дрита Гњилане. Јаровиќ кој како позајмен играч на Струга ТЛ минатата сезона играше за Гњилане и во целост го сврте вниманието со своите игри и голови, сега се врати во таборот на нашиот шампион, но исто така веројатно повторно ќе игра за тим од Косово.

Босанецот со германски пасош во минатата сезона играјќи за Гњилане постигна 11 голови на 18 мечеви и беше еден од најдобрите напаѓачи во таа лига и затоа сега е баран од неколку клубови во Косово.

Сепак за неговата судбина ќе решава раководството на Струга ТЛ, дали ќе го пушти да се оди се разбира со соодветна отштета или Јаровиќ ќе го носи дресот на нашиот шампион.

ПретходноСтоле веќе е во Валенсија, се очекува потпис и промоција! (ВИДЕО)
СледноРоналдо: Го сакам фудбалот, но не ми останува уште многу време, после 35 секоја година е подарок!