Францускиот судија Клемент Турпан ќе биде на центарот на премиерата на европското првенство во Германија. УЕФА денеска го објави името на судијата кој прв ќе раководи со натпревар на континелнатлниот шампионат кој почнува в петок на „Алијанц Арената“ во Минхен.
Помеѓу осумнаесетте судии избрани да судат за време на Евро 2024 Турпан ќе биде тој кој прв ќе го почуватвува ова Евро и тоа со арбитража на мечот меѓу домаќинот на првенството Германија и селекцијата на Шкотска, во петок навечер (21 часот).
На Турпан ќе му помагаат неговите сонародници Николас Данос и Бенжамин Пажес. Франсоа Летесие ќе биде четврти судија. Во ВАР собата ќе бидат уште двајца Французи, Жером Бризар и Вили Делаж, како и на Италијанецот Масимилијано Ирати. За 42-годишниот Турпан ова е трето ЕП.