Немања Гудељ: Секако дека можеме да ја победиме Англија, би играл и голман ако треба

469

Фудбалската репрезентација на Србија пристигна во Аугзбург кој ќе биде нивна база за ЕП кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули. На првата прес-конференција за новинари се појави Немања Гудељ кој порача дека Србија ќе оди на победа против Англија.
Секогаш зборуваме на темата противник, а многу сме фокусирани на себе. Свесни сме колку сме квалитетни и знаеме дека и тие зборуваат за нас и нашите фудбалери кои се опасни за нив. Мечот против Исланд покажа дека Англија не е тим кој не може да се добие. Секако дека можеме да ги победиме. Спремни сме, тренираме добро, тактички сме спремни, имаме добри анализи на противникот…
Се уште не знам како ќе играме против Англија, тоа прашајте го селекторот. Јас сум спремен да играм на било која позиција, па дури и како играч за врска, стопер, лев или десен бек, па дури и голман…“, изјави Гудељ.

ПретходноЕкс-младински македонски репрезентативец направи трансфер во Косово
СледноПоранешен шпански репрезентативец заврши зад решетки