Тимот на Тиквеш од Кавадарци во наредната сезона влегува со големи амбиции, а уште сега назначи искусен тренер од Босна и Херцеговина. Тоа е Драган Марковиќ-Марка, кој се обврза на договор на две сезони.
Марковиќ ќе го наследи на клупата Раде Стојановиќ, кој се пресели во Словенија и ќе го води Тримо Требње.
Инаку Марковиќ минатата сезона го предводеше Динамо Панчево, беше тренер на германски тимови како Вилштат, Вецлар, Касел, Халвер, во БиХ работеше во Сарајево и Борац од Бања Лука.