Почина човекот чија силуета се наоѓа на логото на НБА лигата

377

НБА тимот ЛА Клиперс утрово објави дека почина легендата на НБА лигата, Џери Вест.

Вест (86) играше 14 сезони во НБА со Лејкерс (1960-1974). Тој беше Ол-стар во секоја сезона од неговата кариера, деветпати ги водеше Лејкерс до финалето на НБА, а во 1972 година стана НБА шампион. Легендарниот кошаркар одигра 932 натпревари со просек од 27 поени, 5,8 скока и 6,7 асистенции по натпревар.

Вест стана третиот играч во историјата на лигата кој ја достигнал границата од 25.000 поени, придружувајќи им се на Вилт Чембрлен и Оскар Робертсон. Тој е единствениот играч во историјата на НБА кој ја освоил наградата за МВП на финалето и покрај поразот на неговиот тим (1969 година).

Во 1960 година, Вест освои злато на Олимписките игри во Рим како член на тимот на САД. Беше примен во Кошаркарската куќа на славните во 1980 година и беше прогласен за еден од 50-те најдобри играчи во историјата на НБА. Интересно е што силуетата која се појавува на логото на НБА лигата е токму на Вест.

ПретходноНајдобриот француски судија на отворањето на Евро 2024
СледноДаглас Луис го засилува Јувентус – договор на четири години