ППК Крива Паланка се шампиони на Македонија

42

Во неделата 09.06.2024 во Прилеп се изигра финалето во пинг – понг од Супер лигата во машка конкуренција. 

Екипата на Крива Паланка го доби дуелот со ППК Младост 96 од Прилеп со резултат 4 :2 и со тоа стана шампион на Македонија за сезона 2023/24.

За ППК Крива Паланка настапија: Кристијан Станојковски, актуелниот шампион во поединечна категорија, Роберт Стаменковски и србинот Ѓорѓе Петровиќ, додека за екипата на Младост 96 настапија: Петар Костовски, Антонио Стомнароски и србинот Ѓорѓе Борчиќ.

Екипата на ППК Крива Паланка во оваа сезона не забележа ниеден пораз. 

ПретходноТен Хаг останува на клупата на Манчестер Јунајтед!
СледноПСЖ го возвраќа ударот и тргнува по Винисиус!