ПСЖ го возвраќа ударот и тргнува по Винисиус!

2747

И дефинитивно ПСЖ, односно пребогатите шеици од Катар сеуште не можат да се помират со фактот дека Килијан Мбапе направи трансфер во Реал Мадрид и тоа за помала плата.

Токму поради тоа клубот од Париз по секоја цена сега ќе сака да го возврати ударот и затоа, барем според најавите од Франција, има намера да тргне по ѕвездата на “кралевите“ Винисиус Жуниор. По сите проценки од нивна страна токму Бразилецот би требало да биде замената за Мбапе.

Сепак ова се чини дека е невозможна мисија ако се знае дека самиот Винисиус во неколку наврати истакнал дека нема намера да си оди од Реал без разлика за каква пари станува збор.

Планот “Б“ за ПСЖ е Ламине Јамал, но и тоа тешко ќе оди без разлика што на Барселона и тоа како добро би им дошле тие 200 милиони евра.

ПретходноППК Крива Паланка се шампиони на Македонија
СледноСтоле веќе е во Валенсија, се очекува потпис и промоција! (ВИДЕО)