Роџер за Новак: Тој стана чудовиште од играч, не му ја дадов заслужената почит на почетокот!

611

Познато е дека меѓу Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ имало меѓусебен респект, но и не некое пријателство. Поголемиот дел од светската тениска јавност засекогаш ќе остане уверена, иако бројките кажуваат нешто друго, дека Швајцарецот е еден и единствен.

Инаку Федерер во едно од последните интервјуа говори се најдобро за својот некогаш голем ривал:

За првпат против него играв во Монте Карло и сега може да кажам дека не му ја дадов заслужената почит тогаш, воопшто во време кога тој почнуваше. Имаше некои технички мани, но подоцна стана вистинско чудовиште од играч. Новак е неверојатна личност, секогаш дава се од себе да победи. Мислам дека тој по малку е и погрешно сфатен. Јас не го гледам како што го гледаат дел од медиумите. Знам дека семејството многу му значи“ истакна покрај другото Роџер за Новак.

ПретходноПоповски и Даневски дел од ЕУРО 2024! (ФОТО)
СледноЕвропски шампион со Португалија е новиот селектор на Азербејџан