Откако беше промовиран како нов член на Валенсија, нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за официјалниот сајт на сега веќе неговиот нов клуб ја даде и првата изјава како играч на Валенсија.
Само да потсетиме дека Македонецот потпиша договор до 2026 година со еден од најголемите клубови во Ла Лига:
„Многу сум среќен, многу среќен што можам да се приклучам на голем клуб како Валенсија и со нетрпение очекувам да започнам. Од првиот момент кога имаше интерес од Валенсија и неколку клубови, ми беше јасно. Бев возбуден што дојдов овде. Го познавам градот…Клубот преку пријатели и никогаш не се сомневав дали ќе одам во друга екипа. Отсекогаш сум ја имал Валенсија во мојата глава и еве ме. Ја сакам историјата, го сакам клубот, кој има многу голема историја и ми се допаѓа спортскиот проект на Валенсија, бидејќи расте. Имаат млади играчи кои се многу важни. Клубот и тимот ќе одат нагоре. Разговарав со неколку мои пријатели за тоа кога дојдов на Камп де Местаља за прв пат пред 6 години. Стадионот е тој што најмногу ме импресионираше. Кога излегов од тунелот, ми се допаднаа трибините и ги прашав луѓето кои се навивачи и ја знам филозофијата на тоа како размислуваат и како се, и спојувајќи го сето тоа, стадионот ме импресионираше и ми се допаѓа Местаља“ истакна Македонецот.