Иако се најавуваше дека сигурно ќе биде сменет, иако се преговараше и со Томас Тухел, сепак како што пренесуваат медиумите на Островот, раководството на Манчестер Јунајтед донело одлука да му се даде шанса на Ерик тен Хаг и во следната сезона да го води гигантот од “Олд Трафорд“. Оваа одлука е и на новиот сопственик Сер Џим Ретклиф.
Интересно е тоа што сега во Тен Хаг се гледа долгорочно решение за клупата на Јунајтед и дека ќе му се понуди нов договор. Очигледно е дека работите во овој клуб набрзина се менуваат.