УЕФА со ново правило на Евро 2024: Ако не сте капитен, немате право да разговарате со судијата!

354

Првиот човек на судиите во УЕФА, Роберто Розети, изјави дека секој играч кој не е капитен на националниот тим ќе добие жолт картон доколку му пријде на судијата барајќи објаснување за негова одлука и/или протестира до судијата. Ова се дел од новите судиски правила кои ќе се применуваат на Евро 2024. Со судијата ќе може да комуницира само капитенот и ниту еден друг фудбалер.

Доколку по предупредување играчот или неговиот сонародник кој го прекршил горенаведеното правило продолжи да разговара со судијата, тогаш капитенот на репрезентацијата ќе добие жолт картон поради несоодветна организација на однесувањето на неговиот тим.

Ако капитен е голманот, тогаш доколку се донесе контроверзна одлука далеку од голот, ќе има еден играч овластен од капитенот да комуницира со судијата.

ПретходноФенер ја доби драмата со Анадолу и по 11. пат е шампион на Турција!
СледноДејвис повторно одби да потпише нов договор со Баерн (М)