Шкотите не ѝ се плашат на Германија: Се случиле и почудни работи од тоа да ја победиш Германија!

141

Во петок започнува Европското првенство во Германија, а на самиот старт домаќинот на турнирот за противник ќе ја има Шкотска. Островјаните во мечот влегуваат како аутсајдери, но само на хартија. Шкотите оптимистички гледаат на премиерата на Евро 2024 и велат дека се подготвени за прва победа.

„Се случиле и почудни работи во фудбалот. Имаме навистина, навистина талентиран состав овде, кој е исто така добра група на играчи кои играат на највисоко ниво. Нема причина зошто не можеме да одиме таму и да победиме, но тоа можеме да го направиме само ако ја покажеме најдобрата верзија од себе и се држиме до планот“, вели крилниот напаѓач Луис Морган.

27-годишниот Морган има одиграно само два натпревари за Шкотите.

ПретходноДејвис повторно одби да потпише нов договор со Баерн (М)
СледноГерманците ќе нудат вегански колбаси на стадионите за време на ЕП 2024