Легендата на Милан и поранешен тренер на Реџана, Алесандро Неста ја презеде улогата на нов тренер на прволигашот Монца, објавија од клубот попладнево.
48-годишниот италијански стручњак седнува на клупата на Монца од 1 јули 2024 година.
Откако го објави своето пензионирање како играч во 2014 година, Неста работеше како тренер за три различни тимови, почнувајќи од Мајами во САД. Потоа се врати во својата татковина за да ја води Перуџа во сезоната 2017/2018, а потоа и Фросиноне во Серија Б (2019–2021), од каде специјалистот беше отпуштен два месеци пред крајот на втората сезона.
Минатата сезона во Серија Б, Реџана заврши на 11-то место.
BENVENUTO MISTER 💪⚪️🔴#ACMonza #WelcomeNesta pic.twitter.com/MTUjfsZ57m
— AC Monza (@ACMonza) June 12, 2024