ОФИЦИЈАЛНО: Јувентус го претстави Мота како нов тренер на тимот

83

Поранешниот тренер на Болоња, Тиаго Мота од вечерва и официјално е нов тренер на Јувентус. Како што објавија од „Старата Дама“, тој од денеска ја презема работата на клубот од Торино.

„Многу сум среќен што ќе стекнам ново искуство во водење на таков голем клуб како Јувентус. Благодарен сум на управата која им верува на моите амбиции да ја зачувам гордоста на црно-белите бои и да ги израдувам навивачите“, изјави Мота.

Тиаго Мота (41) во сезоната 2018/2019 го водеше тимот на ПСЖ до 19 години, а од октомври до декември 2019 година ја водеше италијанската Џенова. Во сезоната 2021/2022 беше на клупата на Специја, по што во септември 2022 година ја презеде Болоња, со која минатата сезона заврши на петтото место во Серија А.

ПретходноДаглас Луис го засилува Јувентус – договор на четири години
СледноКадетките се подготвуваат за стартот на Балканското првенство во Тирана