Перез ја одреди цената за Родриго: Дајте 150 милиони евра и ваш е!

548

И дефинитивно Флорентино Перез нема да му заборави на Родриго она што го кажа во врска со Манчестер Сити. Се чини дека Бразилецот е на излезна врата, посебно сега кога “кралевите“ во нападот ги добија Мбапе и Ендрик, па така за Родриго едноставно нема место во стартниот состав на Карло Анчелоти.

Според каталонски “Спорт“, Реал Мадрид односно Перез веќе ја одредил цената за Бразилецот. Таа изнесува 150 милиони евра. Кој сака и кој може да ја плати ќе го има Родриго, ова биле зборовите на првиот човек на Реал Мадрид.

Инаку пред извесно време неколку клубови од Премиерлигата доставиле за Родриго понуди од 120 милиони евра, но тогаш истите тие биле одбиени.

ПретходноКадетките се подготвуваат за стартот на Балканското првенство во Тирана
СледноЏенаро Гатузо е нов тренер на сплитски Хајдук!