По се она што направи на вчерашната контрола или “генерелка“ против Р. Ирска, кога Португалија победи со 3:0 а тој постигна два убави гола, Кристијано Роналдо потврди дека е подготвен за настап на ЕУРО 2024.
Интересно тој синоќа успеа да постави еден чудесен рекорд, имено во низа 21 година постигнува гол(ови) за својата селекција:
„Го сакам фудбалот, просто уживам кога играм и кога постигнувам голови. Сепак свесен сум дека не ми останува уште многу време со моите 39 години. Познато е дека после 35 секоја година мината во фудбалот ти е како подарок. Важно е да сум физички и психички подготвен, само така можам да и помогнам на својата репрезентација“ посочи Португалецот.