Џенаро Гатузо (46) е нов тренер на сплитски Хајдук. Како што објавија од клубот, „големо задоволство“ потврдуваат дека легендарниот Џенаро Гатузо ќе го предводи тимот во новата сезона!
„Тој потпиша договор со Хајдук до летото 2026 година, а во Сплит ќе пристигне следната недела, на почетокот на подготовките на првиот тим, кога и официјално ќе се претставиме на Пољуд“, соопштија од сплитскиот клуб.
Хајдук е во потрага по нов тренер откако Мислав Кароглан пролетта минатата сезона по кризата во клубот доби отказ. Јуре Иванковиќ беше привремено решение, а потоа медиумите шпекулираа со бројни имиња.
Како тренер Гатузо последниот ангажман го имаше во францускиот гигант Олимпик Марсеј од чија клупа си замина во февруари годинава.