Екипата на Гостивар го официјализираше првото засилување за новата сезона. Станува збор за Дарко Глишиќ кој доаѓа од редовите на Вардар.
Глишиќ во својата кариера настапуваше за Докса, Арда, Септември Софија, Динамо Тбилиси, Напредок, Тетекс и Шкупи.
Добро е познато дека раководството на клубот сака да го потпише португалскиот фудбалер Нани, кој ја заврши епизодата во Турција во дресот на Адана Демирспор.