ГРК Тиквеш ги продолжи договорите со тројца играчи

1061

По ангажманот на Драган Марковиќ на клупата, ГРК Тиквеш потпиша нови договори со тројца ракометари на бековската линија. Кавадарчани се пофалија со три нови потписи – па така Тиквеш и следната сезона ќе напаѓа со Мартин Манасков, Срѓан Мијатовиќ и Ани Обина.
Претходно клубот го напуштија голманот Јанко Гемаљевиќ и кружниот напаѓач Никола Стефановиќ. Исто така ГРК Тиквеш го потврди и настапот на Струшкиот турнир.

ПретходноПо Глишиќ, во Гостивар дојде и Мевљан Мурати
СледноРоберто Мартинез објасни зошто ја пее националната химна на Португалија