Вирус почна да создава проблеми во репрезентацијата на Франција во пресрет на Евро-2024.
Во текот на денешниот ден поради болест на посебен лекарски третман завршија неколку играчи на француската репрезентација, како и претставници на стручниот штаб. Според француските медиуми, неколку играчи имале симптоми на настинка, додека други имале грчеви и силни главоболки.
Забележано е дека може да станува збор за вирусно заболување, но никој нема сериозни компликации. Франција првиот натпревар на ЕП 2024 го игра против Австрија на 17 јуни и дотогаш би требало работите да се средат.