Германскиот шампион купи фудбалер на Џирона

150

Германскиот првак Баер (Л) има ново засилување. Алеиш Гарсија, кој до оваа сезона го носеше дресот на Џирона се преслеи во Леверкузен.

Германскиот клуб го објави потписот на 26-годишниот играч од средниот ред. Договорот ќе биде до 2029 година.

Беше објавено дека сумата за трансфер ќе изнесува 18+2 милиони евра.

Во сезоната која е зад нас, Алеиш Гарсија  одигра 37 натпревари за Жирона во Ла Лига, постигнувајќи 3 гола и 6 асистенции.

ПретходноДинамо (Б) нема пари да го задржи Велковски, репрезентативецот повторно оди на Блискиот исток?
СледноЦрногорците ни се реваншираа: Пораз на вториот тест