Дамјан Крстов од Ајакс да биде нашата следна голема звезда

1311

„Спортспорт“ не мирува. Иако летниот период е препознатлив по репрезентативните збиднувања, но пред се одмор за младите играчи, сепак, најдобриот спортски сајт во Македонија, има што да понуди како домашна фудбалска содржина и во „пеколниот“ месец јуни.

Во серијата на млади и ултра талентирани млади фудбалери со потекло од Македонија, а кои настапуваат ширум светот денеска ви претставуваме вистинки дијамант.

Се работи за Дамјан Крстов, момче кое што ни помалку ни повеќе е дел од академијата на големиот Ајакс. Тоа самото по себе, и да немаме било каква друга информација за ова младо момче кажува многу. Во Ајакс од Амстердам играат најдобрите, а очигледно дека Крстов е во таа категорија, иако има само 14 години односно е роден 2010 година.

ПретходноЕден од најискусните фудбалери на Јунајтед е во преговори со Интер Мајами
СледноЛазаров во улога на предавач на „Handball 4 all“