Додека беше во Дизниленд доби повик итно да дојде на ЕП!

616

Бајковита приказна ни доаѓа пред стартот на ЕУРО од таборот на холандската репрезентација. Повредите ја опустошија репрезентацијата на Роналд Куман, па тој во последен момент е принуден да повика замени кои веќе се на одмор. Откако го повика Јан Маатсен наместо Френки де Јонг, се повреди и Брајан Броби.

Затоа Куман го повика Џошуа Зиркзе само на четири дена пред првиот натпревар на ЕП, против Полска во недела. Брилијантниот и млад напаѓач на сензацијата Болоња се очекуваше да се најде на списокот за ЕП откако со 12 гола и 7 асистенции го предводеше тимот.

Додека Зиркзе уживаше во Дизниленд доби изненадувачки повика, дека мора да се упати кон Германија. Така неочекувано конкурира за натпревари со Полска, Австрија и Франција, а дебито за сениорската репрезентација му се насмевнува на едно големо натпреварување.

ПретходноНадал се откажа од Вимблдон сака ги нападне двете злата во Париз
СледноВо исчекување на Нани, Гостивар го промовира Дарко Глишиќ