Дончиќ го заврши мечот порано, Бостон на победа до титулата (ВИДЕО)

471

Можеби се ќе беше поинаку доколку Лука Дончиќ не заработеше два наивни фаули и мораше да го напушти теренот на четири минути до крајот. На другата страна Бостон успеа да направи брејк и да се најде на победа до 18-та титула во својата историја.

Селтикси славеа со 106-99 и водат со 3-0 во финалната серија. Бостон во еден момент водеше со 91-70, но Далас успеа да се врати на поен негативан на три и пол минути до крајот. Сепак тимот беше целосно скршен по исклучувањето на Дончиќ, кој мечот го заврши со 27 поени, шест скока и шест асистенции. Ирвинг имаше 35 поени.

На другата страба Тејтум запиша 31 поен, Браун 30, додека Вајт имаше 16 поени.

Бостон последен пат до трофејот дојде во 2008 година.

ПретходноГерманците ќе нудат вегански колбаси на стадионите за време на ЕП 2024
СледноСкандал на тренингот на Србија, навивачите фрлаа бакљи кон полицијата