Еден од најискусните фудбалери на Јунајтед е во преговори со Интер Мајами

147

Еден од најискусните играчи на Манчестер Јунајтед – Рафаел Варан, започна преговори со американскиот Интер Мајами и многу брзо би можел да биде соиграч на Лионел Меси, Жорди Алба, Луис Суарез и компанија.

Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе објави дека нема да им понуди нови договори на Варан и Ентони Марсијал, кои на крајот на месецот ќе станат слободни агенти.

Агентот на Варан е во преговори со претставници на Интер Мајами околу евентуален трансфер на 31-годишниот поранешен играч на Реал Мадрид.

Друга опција за Варан е клуб од Саудиска Арабија, каде веќе играат голем број ѕвезди во подем на светскиот фудбал.

ПретходноСкандал на тренингот на Србија, навивачите фрлаа бакљи кон полицијата
СледноДамјан Крстов од Ајакс да биде нашата следна голема звезда