Македонија победи на контролниот натпревар против Црна Гора

121

Македонската А футсал репрезентација забележа победа на првиот контролен натпревар против Црна Гора.

Дуелот одигран во Никшиќ мина во наша доминација, Македонија победи со резултат 2:0. Првото полувреме заврши со предност за Македонија. Голот за наша предност го постигна Драган Петровиќ. Во вториот дел зголеми Таулант Исмаил за конечни 0:2.

Димитар Јанев имаше добри шанси за гол во првото полувреме, како и Берат Рамадан и Иван Крстевски во вториот дел.

Вториот контролен натпревар против Црна Гора го играме утре од 17:00 часот.

ПретходноСмилковски: Резултатски, амбицијата е да се избориме за опстанок во „А“ Дивизија
СледноКрсманчиќ: За мене Вардар го симболизира врвот на професионалниот ракомет