Меси категоричен: Не може да бидам насекаде!

139

Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ Лионел Меси нема намера да игра за Аргентина на Олимписките игри во Париз ова лето. 36-годишниот напаѓач на Интер Мајами се подготвува за претстојната Копа Америка која започнува на 20 јуни, а завршува на 14 јули.

Во февруари, селекторот на Аргентина до 23 години Хавиер Маскерано објави дека Меси добил покана да се приклучи на тимот.

„Разговарав со Маскерано. И двајцата разбираме каква е ситуацијата. Тешко е да се размислува за Олимпијадата бидејќи претстои Копа Америка. Имам два или три месеци годишно без клупски фудбал и сум на возраст кога повеќе не може да биде насекаде.

Морам внимателно да избирам и ќе ми биде премногу да играм на два турнири по ред“, изјави Меси.

ПретходноСрпски ракометар е замената за Јасухира во Вардар
СледноЕХФ ги објави конкурентите на Пелистер за вајлд-карта во Лигата на шампиони