Мората: Не можам да останам во Атлетико, ако не играм

300

Шпанскиот репрезентативец, Алваро Мората добива свирежи и навреди од навивачите на Атлетко Мадрид што е сам дел од ситуацијата поради која играчот размислува да си замине. Мадриѓани се надеват дека ќе го продадат во текот на летото, а тој зборуваше за ова и смета дека требало да го напушти „Метрополитано“ уште минатото лето.
За мене најлесната одлука е да не играм во Шпанија. За мојот личен живот, за она низ што треба да поминам кога само ќе излезам на улица во нашата земја. Најлесно ми е да одам да играм во друга земја.
Честопати моите деца, кои имаат пет години, не разбираат зошто има луѓе кои се толку лути на својот татко. Ќе беше полесно да го напуштам Атлетико минатото лето.

Кога ќе прочитам дека Атлетико сака да ангажира осум напаѓачи, разбирам дека повеќе не сум приоритет за овој клуб. Не можам да останам во Атлетико и да не играм.

Сè уште не сме разговарале со Симеоне за ова. Многупати, изгледа секое лето, се појавуваат информации дека не се согласувам добро со него. Всушност, спротивното е точно. Немаме проблем. Често разговарам со него за различни работи во животот, а тој ми помогна на многу начини.

Но, има аспекти врз кои немам контрола. Не знам дали сум во неговите планови или во плановите на клубот, но ќе разговараме кога ќе се вратиме на работа.

Нема да плачам или да се жалам овде, бидејќи ништо не се случува. Понекогаш се работи за некои ситници. Дури на сите не им се допаѓа Исус, и јас ништо не можам да направам за тоа“, изјави Мората.

ПретходноМарсеј е следниот клуб на Де Зерби
СледноСе гради дрим тим на „Пољуд“ – Трајковски ќе игра со Џеко и Ракитиќ?